Eurol Syntence 5W-30 (Fully Synthetic)

Масла за патнички и комерцијални возила

ПАКУВАЊЕ 1L, 4L, 60L, 210L

ОПИС

Eurol Syntence 5W-30 е потполно синтетичко моторно масло за употреба во бензин, плински и дизел мотори на патнички автомобили и лесни комерцијални возила, опремени со филтри за честички (за да се исполнат регулативите Euro-4 на издувните гасови). Овој производ е особено развиен за патнички автомобили и лесни комерцијални возила од групата VAG (Volkswagen, Audi, Seat и Skoda) и е погоден за многу долги интервали.

Eurol Syntence овозможува исклучително брз и стабилен подмачкувачки филм на ладен старт и го одржува овој филм на високи температури, а во исто време триењето е сведено на минимум.

Eurol Syntence е развиено со Eurol OPT адитивна технологија и содржи помалку фосфор, сулфур и фосфат, со што се спречува затнување на филтерот за честички и му го продолжува векот на траење.

Eurol Syntence е специјално дизајниран да ги задоволи VW спецификациите 504,00 и 507,00, но е исто така погоден за автомобили каде што се пропишани VW спецификациите како што се: 503,00, 506,00, 506,01, 505,01, 502.00, 500,00, 501,01 и 505.00.

Дополнителни тестови покажаа дека производот ги исполнува спецификациите MB 229,51. Затоа, ова масло не е само универзално применливо за Volkswagen, применливо е и за Mercedes.

СПЕЦИФИКАЦИИ
ACEA C3, VW 504.00/507.00, MB 229.51, BMW LL-04, ACEA A3/B4 (07),
PORSCHE C30

АПРУВАЛИ
BMW Longlife-04
MB 229.51
VW 504.00/507.00

© 2021 Фул Систем. Сите права задржани.