Eurol Fluence DXS 5W-30 (Fully Synthetic)

Масла за патнички и комерцијални возила

ПАКУВАЊЕ 1L, 4L, 60L, 210L

ОПИС

Eurol Fluence DXS 5W-30 е потполно синтетичко моторно масло за бензински и дизел мотори во патнички автомобили и лесни комерцијални возила. Ова масло може да се користи во моторите со или без турбо полнач и катализатор и мотори со директно вбризгување на горивото.

Eurol Fluence DXS е произведено со Eurol OPT адитиви и нуди исклучително висока заштита во текот на продолжени интервали. Посебно се препорачува за Euro-4 автомобили на Opel и Mercedes-Benz со филтри за честички, за да се спречи затнување на филтрите.

Поради ова, Eurol Fluence има ниска содржина на сулфурен пепел и ниско ниво на фосфор и сулфур (т.н. "mid SAPS" технологија).

Eurol Fluence е исто така погоден за сите Volkswagen Seat, Audi и Skoda автомобили со нормални интервали. Покрај тоа, ова масло е одличен избор за повеќето Mercedes патнички автомобили и лесни комерцијални возила со или без филтри за честички.

Eurol Fluence не само што нуди исклучително добра заштита од абење, исто така штити и од корозија и оксидација, додека специјалните адитиви го чуваат моторот чист од прашина, кал и депозити во текот на понекогаш исклучително долги интервали.

Eurol Fluence ги исполнува барањата на GM Dexos 2 и исто така може да се користи кога GM-LL-A-025 и B-025 се пропишани.

СПЕЦИФИКАЦИИ
ACEA C3, GM DEXOS 2, API SN/CF, BMW LL-01/LL-04, VW 502.00/505.00,
505,01, MB 229.31 & 229.51, FORD M2C-917A, GM-LL-A-025/B-25,
ACEA A3/B4 (07)

АПРУВАЛИ
MB 229.52
BMW Longlife-04
GM Dexos 2
MB 229.51

© 2021 Фул Систем. Сите права задржани.