Спрееви

Friday, August 07, 2020

Eurol White Grease Spray

Пакување:
400ML

Опис:
Eurol White Grease Spray е спреј со високо квалитетни подмачкувачки својства, базирани на бел литиум-згуснувач и PTFE (тефлонски) адитив, погоден за тешки и бавни апликации.

Eurol White Grease Spray е совршен за ротирачки и подвижни делови направени од метал или пластика.

Eurol White Grease Spray има својства на масло и на маст, имено; тој разредува како масло и зацврстува како маст и со тоа има добри продорни карактеристики, како и добра отпорност на лепливост и притисок. Покрај овие својства има и одлични водоотпорни карактеристики и штити од корозија.

Eurol White Grease Spray може да се користи на вертикални површини, не капе и не се цеди. Може да се користи за машини, лагери, осовини, запчаници, подвижни ленти и гума. Објектот што треба да се третира мора да биде чист, обезмастен и сув, пред спрејот да се аплицира на деловите.

Eurol White Grease Spray мора да се протресе добро пред употреба. Прскајте на приближно 20 cm од објектот. Нанесете ја саканата количина.

Користете го Eurol White Grease Spray само во добро проветрени простории. Во случај на контакт со очите, веднаш да се измијат очите со многу вода. Запалива супстанција. Има рок на траење до 3 години. Да се чува на суво и ладно место со температура помеѓу +5°C до +25°C.

Lubricants

Примај известувања

Контакт

ФУЛ СИСТЕМ дооел
ул. Финска 15 бр. 65
Скопје, Македонија
+389 2 2531 725
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Scroll to Top