Адитиви за автоматски менувачи

Friday, August 07, 2020

Eurol Radiator Cleaner

Пакување:
250ML

Опис:
Eurol Radiator Cleaner е без киселински адитив, развиен за чистење на внатрешните површини на ладилникот пред да се замени антифризот.

Eurol Radiator Cleaner активно ги отстранува сите видови на загадувачи кои можат да се појават во системот за ладење, како што се нечистотии, масло, талог и честички. Системот за ладење ќе работи толку ефикасно исто како нов, обезбедувајќи оптимален пренос на топлина.

Eurol Radiator Cleaner не е штетен за било која од компонентите на ладилникот и темелно ја чисти неговата внатрешност без опасност од корозија на некои од металните делови. Тој е компатибилен со сите компоненти на системот за ладење и сите видови на комерцијални средства за ладење на моторот.

Секогаш е препорачливо да се употребува пред да го промените антифризот или пред поправка, со цел да се исчисти и да се подготви системот за ладење.

250ml шише од Eurol Radiator Cleaner се препорачува за употреба во возила кои собираат од 6L до 12L антифриз. Додадете го во ладилникот и возете го автомобилот 30 минути. По возењето, течноста за ладење и адитивот треба да се испуштат (се разбира по ладењето). По испуштањето, ладилникот треба да се исплакни со вода. Овој процес треба да се повторува се додека водата не стане чиста и видливо да бидат остранети нечистотиите. По целосното испуштање на водата, во ладилникот треба да се стави соодветната препорачана течност за ладење на моторот.

Lubricants

Примај известувања

Контакт

ФУЛ СИСТЕМ дооел
ул. Финска 15 бр. 65
Скопје, Македонија
+389 2 2531 725
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Scroll to Top