Адитиви за во резервоар

Friday, August 07, 2020

Eurol Petrol Injection Cleaner

Пакување: 
250ML

Опис:
Eurol Petrol Injection Cleaner е формулиран за да се исчистат загадените системи за вбризгување на бензин, за да се врати ефикасноста на инјекторот и да се подобри атомизацијата на горивото. Ги отстранува јаглеродните нечистотии и нечистотиите од цевките за гориво, дистрибутерите на гориво и влезните вентили.

Се препорачува за возила со груб лер, кои имаат потешкотии при работењето поради валканите инјектори. Тоа се случува поради нечистотиите од горивото и затоа моторот има потешкотии при палењето и не работи како вообичаено.

Eurol Petrol Injection Cleaner може да се користи во возила опремени со катализатор. 250ml шише од овој адитив се препорачува за употреба во возила кои собираат од 35L до 65L гориво. Треба да се остави адитивот да циркулира низ системот за гориво.

Додадете го Eurol Petrol Injection Cleaner во резервоарот пред да наполните гориво. За оптимални резултати користете го адитивот еднаш на секои 2.500 километри, бидејќи нечистотии се формираат со секое дополнување на гориво во резервоарот. Исто така, променете ги воздушните и филтрите за гориво за редовно одржување на возилото, особено ако постојано возите низ градскиот метеж. По користењето на овој производ, веднаш можат да се забележат подобри перформанси на моторот при забрзување и потивка работа на моторот кога работи во место. Средството за чистење на инјекторите нема да ги поправи механичките дефекти на вашето возило.

Lubricants

Примај известувања

Контакт

ФУЛ СИСТЕМ дооел
ул. Финска 15 бр. 65
Скопје, Македонија
+389 2 2531 725
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Scroll to Top