Адитиви за во резервоар

Friday, August 07, 2020

Eurol Diesel No-Smoke

Пакување: 
250ML

Опис:
Eurol Diesel No-Smoke е адитив развиен за да се намали црниот чад и белиот дизел чад. Белиот дизел чад е резултат на горивото кое се вбризгува во комората за согорување и кое не е согорено соодветно. Главната причина за дизел чадот е зголемувањето на јаглеродните нечистотии во внатрешноста на моторот, што резултира со црн чад.

Eurol Diesel No-Smoke ги отстранува повеќето причини за прекумерно појавување на чад, кој се појавува поради валканите инјектори,замастената комора за согорување или поради слабото функционирање на турбополначот. Овој адитив се препорачува за значително намалување на чадот од возилото.

Eurol Diesel No-Smoke не само што доведува до намалување на чад од моторот до 95% (а со тоа директно се намалува испуштањето на јаглероден диоксид, суспендирани честички и емисии на неметански јаглеводороди), туку и обезбедува поголема моќ на моторот.

Eurol Diesel No-Smoke ја подобрува реакцијата на моторот и ја намалува потрошувачката на гориво кај постарите мотори. Тоа ќе придонесе за полесно стартување на моторот.

Синиот чад е резултат на согорувањето на маслото во моторот. Eurol Visco Oil Plus може да го реши овој проблем.

250ml шише од Eurol Diesel No-Smoke се препорачува за употреба во возила кои собираат од 35L до 65 L гориво. Оптимални резултати ќе се постигнат кога ќе се остави адитивот да циркулира низ системот, со возење барем еден час, за да се обезбеди соодветното чистење. Можете да го користите адитивот во секое време, за во целост да се отстрани црниот чад од издувните гасови.

Lubricants

Примај известувања

Контакт

ФУЛ СИСТЕМ дооел
ул. Финска 15 бр. 65
Скопје, Македонија
+389 2 2531 725
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Scroll to Top