Mасла за товарни возила

Friday, August 07, 2020

Eurol Marathol 10W-40 (Fully Synthetic)

Пакување: 
60L, 210L

Спецификации:
ACEA E4/E6/ E7
MB 228.5/228.51/226.9
MAN M3277/M3477
Volvo VDS-3
MAN 3271-1 (LPG & CNG Engines)
Renault RXD
MTU Type 3 + 3.1
DAF HP-2
Deutz DDQ-III

Опис:
Eurol Marathol 10W-40 е целосно синтетичко моторно масло за комерцијални возила, базирано врз основа на таканаречената "low SAPS" технологија. Ова значи дека концентрациите на сулфур, фосфор и сулфатен пепел се намалени драстично, се со цел да се заштити околината од штетните издувни гасови.

Особено Mercedes (228.51) и MAN (M3477) имаат поставено посебни стандарди за маслото, за да се исполнат регулативите за издувни гасови Euro-4 и Euro-5, вклучувајќи намалување на концентрациите на сулфур, фосфор и сулфатен пепел. Поради оваа причина, ACEA ја лансираше E6 спецификацијата кон крајот на 2004 година.

Eurol Marathol 10W-40 ја намалува потрошувачката на гориво и поради специјалната технологија на адитиви моторното масло и моторот се одржуваат чисти и безбедни. Во Euro-4 и Euro-5 моторите, емисијата на штетни издувни гасови е намалена.

Eurol Marathol 10W-40 моторното масло е погодно за продолжени интервали. Може да се примени и во постарите камиони со Euro-3 мотори, каде што се пропишани нормите ACEA E4, Mercedes 228.5 и MAN 3277, како и Renault RXD и DAF HP-2.

Lubricants

Примај известувања

Контакт

ФУЛ СИСТЕМ дооел
ул. Финска 15 бр. 65
Скопје, Македонија
+389 2 2531 725
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Scroll to Top