Течност за сопирачки

Friday, August 07, 2020

Eurol Brakefluid DOT 4 (Fully Synthetic)

Пакување:
250ML, 1L

Спецификации:
SAE J 1703
ISO 4925
FMVSS 116 DOT 3,
DOT 4

Опис:
Eurol Brakefluid DOT 4 е високо квалитетен производ со одлични перформанси, особено погоден за хидраулични системи за кочење на патнички возила, комерцијални возила, мопеди, скутери, мотоцикли и виљушкари, со барабан-сопирачки или диск-сопирачки (со или без ABS/ASR).

Eurol Brakefluid DOT 4 обезбедува максимална заштита против 'рѓа и нуди оптимален прием и пренос на топлина. Производот нема да влијае на металите или легурите. Поради подмачкувачките својства на оваа течност за сопирачки, абењето е сведено на минимум.

Eurol Brakefluid DOT 4 е стабилен и нема да предизвика никакви нечистотии. Благодарение на ниската вискозност на ниска температура, производот гарантира одлични перформанси во ладни климатски услови.

Eurol Brakefluid DOT 4 има висока "влажна" точка на вриење, која го спречува задржувањето на пареа. Како резултат на тоа, безбедноста и сигурноста на системот за сопирање се значително зголемени. Сепак, многу е важно да се проверува и да се заменува течноста за сопирачки редовно.

Eurol Brakefluid DOT 4 не смее да се меша со минерални течности (LHM, обично се зелени) или силиконски течности (виолетова боја, DOT 5).

Lubricants

Примај известувања

Контакт

ФУЛ СИСТЕМ дооел
ул. Финска 15 бр. 65
Скопје, Македонија
+389 2 2531 725
This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

 

Scroll to Top